• четврток, 13 јуни 2024

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА)- Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Во ноќните часови кон петок ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. UV=8

Во Скопје во текот на денот сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Потоа за време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан