• петок, 21 јуни 2024

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Марко Маковец, заменик-директор во Европската служба за надворешни работи

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Марко Маковец, заменик-директор во Европската служба за надворешни работи

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) -  Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Марко Маковец, заменик-директор во Европската служба за надворешни работи, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, на средбата беа разменети мислења за напредокот на македонските евроинтеграции, перспективите и натамошните чекори во однос на пристапниот процес кон Европската Унија.

-Претседателката Сиљановска-Давкова ја истакна потребата од забрзување и напредок во процесот кон членство во Европската Унија, како наша стратешка определба, што истовремено е од клучна важност за севкупната стабилност и просперит на поширокиот регион. Таа порача дека за одржување на кредибилноста на проширувањето на ЕУ, неопходно е да се почитува мериторниот процес на интеграција и вреднувањето на исполнувањето на копенхагенските критериуми не смее да трпи поради билатерални прашања и политички потези на одредени земји членки на ЕУ, се наведува во соопштението. 

Во разговорот, како што се додава, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека македонските државни институции во иднина ќе вложуваат максимални напори со цел доследна имплементација на реформите и дека ќе настојува на политички и општествен консензус во однос на реформската агенда и усвојувањето закони за кои е предвидено европско знаменце. хс/са/

Фото: Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан