ДКСК на барање на Ристовска одлучуваше за нејзино изземање од предметот со директорот на АНБ, вели Димитровска
- Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) спровела постапка за утврдување дали членот Цвета Ристовска има судир на интерес во постапување и одлучување во предметот со директорот на АНБ, откако самата Ристовска поднела барање за изземање кога пристигнала претставка со наводи за сомневање во валидноста на дипломата од Универзитетот Скопје, вели претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, посочувајќи дека колегиумот, односно мнозинството членови на ДКСК одлучило оваа одлука да не ја прифати.
Скопје, 30 декември 2024 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) спровела постапка за утврдување дали членот Цвета Ристовска има судир на интерес во постапување и одлучување во предметот со директорот на АНБ, откако самата Ристовска поднела барање за изземање кога пристигнала претставка со наводи за сомневање во валидноста на дипломата од Универзитетот Скопје, вели претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, посочувајќи дека колегиумот, односно мнозинството членови на ДКСК одлучило оваа одлука да не ја прифати.
Одговорно тврдам, нагласи вечерва Димитровска, дека одлуката е издржана согласно факти. Комисијата ценела дека немало основи за прифаќање на барањето зашто, како што рече, Универзитетот не е предмет на постапка, туку именувањето на директорот на АНБ.
- Со целосна професионалност и законско издржување ја донесовме одлуката за неизземање на членот Цвета Ристовска. Сепак, постапуваме независно, во согласност со закон и согласно принципите за интегритет и не сакаме да дозволиме изземање од постапување во предметите. Во овој предмет, исклучиво потенцирам, постапување не е дипломата на Универзитетот, односно постапување е дали директорот на АНБ ги исполнувал условите. Не смееме да дозволиме мешање во надлежностите на другите институции, во случајот на ДПИ, изјави Димитровска во гостувањето на ТВ Сител.
Одговорноста за ваквата одлука, посочи Димитровска, е на членовите на Комисијата, зашто сите одлуки во Комисијата се носат колективно, со мнозинство на гласови.
- Во овој случај, со дипломата издадена од факултетот, ДКСК нема надлежност да ја провери. Би сакала да напоменам дека во досегашната работа на Комисијата донесени се голем број одлуки, кои се повикуваат на заклучоци кои се составен дел од записникот на инспекциските служби. Не е ова прва одлука на која Комисијата се потпира на констатираните состојби во записникот на инспекциските служби, изјави Димитровска. аа/мч/
Фото: МИА архива