• петок, 05 декември 2025

Советот за човекови права на ОН ќе одржи итна дебата за израелската воена акција

Советот за човекови права на ОН ќе одржи итна дебата за израелската воена акција

Њујорк, 15 септември 2025 (МИА) - Советот за човекови права на ОН соопшти дека утре ќе одржи итна дебата за „неодамнешната воена агресија“ на Израел откако минатата недела нападна цели во Доха каде што престојуваа лидерите на палестинската милитантна група Хамас.

Советот на ОН соопшти дека добил две формални барања за дебата - едно од Пакистан во име на земјите-членки на Организацијата за исламска соработка и другото од Кувајт во име на Советот за соработка во Персискиот Залив, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

Состанокот ќе ја одбележи десеттата итна дебата на советот од неговото основање во 2006 година, при што Израел го обвинува телото на ОН дека е опседнато со однесувањето на земјата, а ги игнорира кршењата на правата низ целиот свет, вклучително и од страна на сопствените земји-членки.

Израел минатата недела изврши воздушен напад врз лидерите на Хамас кои се состанаа во главниот град на Катар, при што загинаа пет членови на Хамас и еден офицер за безбедност на Катар, предизвикувајќи широка меѓународна осуда. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан