• недела, 24 ноември 2024

Собранието ќе одржи три последователни седници

Собранието ќе одржи три последователни седници

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Собранието денеска ќе одржи три последователни седници.

Пратениците во рамки на 17. пленарна седница ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, Предлог на законот за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, Предлог на законот за изменување на Законот за урбано зеленило, Предлог на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за јавните патишта, Предлог на законот за изменување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај,  Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, Предлог на законот за изменување на Законот за скијалишта, Предлог на закон за изменување на Законот за домување, Предлог на закон за изменување на Законот за автокампови, сите по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на законот за изменување на Законот за градежно земјиште, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на законот за изменување на Законот за воздухопловство, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, Предлог на законот за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем, Предлог на законот за изменување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, Предлог на законот за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови, Предлог на законот за изменување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог на закон за изменување на Законот за градење, сите по скратена постапка.

На седницата ќе се дискутира и по Предлог на Закон за дополнување на Законот за домување во прво читање и Барањето за давање на автентично толкување на член 20 став 2 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија" број 36/1990 и „Службен весник на Република Македонија" број 44/1990, 11/1991, 38/1991, 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/10, 97/10, 162/10, 11/12, 145/12, 170/13, 139/14, 45/18 и 233/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" број 51/23, 65/23 и 51/24), поднесено од пратеникот Оливер Спасовски. фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан