• понеделник, 20 мај 2024

Собранието одржа продолженија на две пленарни седници

Собранието одржа продолженија на две пленарни седници

Скопје, 14 март 2024 (МИА) – Собранието денеска одржа продолженија на 135.-та и 138-та пленарна седница на кои заврши општата расправа за повеќе точки меѓу кои и за Предлог на одлука за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година и Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2024 година.

По однос на предлогот на одлуката за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2024 година, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозаноска истакна дека претпријатието последните години е во загуба.

-И во овој ресор сме на дното заедно со Косово и Албанија, изминатиот период сведоци бевме на повеќе бојкоти на вработените. Железницата претставува значајно превозно средство кое граѓаните го користеле со децении, а вие во седум години не успеавте ни еден метар железничка ифраструктура да изградите.Тројно е намален број на патници, состојбата со македонски железници секојдневно се влошува фирмата е една од најголемите загубари. Сето ова е резултат на неработењето на СДСМ, бидјеќи со криминал и корупција нема инвестиции во железничка инфраструктура и транспорт, истакна Лозаноска.

На седницата исто така, беа разгледани и пуштени на понатамошно гласање и Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2024 година како и Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година.

За законите за кои заврши општата расправа дополнително ќе се гласа. свс/ев/

Фото: Принтсктин

Остани поврзан