• недела, 28 април 2024

Собранието ги донесе измените на Изборниот законик и дополнувањата на Законот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Собранието ги донесе измените на Изборниот законик и дополнувањата на Законот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Собранието денеска, во рамки на 150. седница, го донесе Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци - Штип и патната делница Кичево – Охрид.

Пратениците му дадоа „зелено светло“ и на Законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, како и на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Сите закони беа донесени без расправа и по скратена постапка. мч/са/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан