• вторник, 26 ноември 2024

Словачка ја продолжи контролата на границата со Унгарија

Словачка ја продолжи контролата на границата со Унгарија

Братислава, 20 ноември 2023 (МИА) - Словачката влада денеска ја продолжи контролата на границата со Унгарија до 23 декември, во обид да спречи зголемен прилив на илегални мигранти. 

Граничната контрола Словачка ја воведе на 5 октомври, по примерот на соседите Полска, Чешка и Австрија, кои ја зајакнаа контролата токму на нејзината граница, пишуваат британските медиуми. 

Од воведувањето на оваа мерка, протокот на илегални мигранти е значително намален. 

„Може да се заклучи дека контролите на меѓународните граници, заедно со слични мерки на соседните земји, имаат превентивен карактер“, наведуваат до словачкото МВР.

Словачкиот премиер Роберт Фицо најави заштита на границата од илегална миграција. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан