• петок, 28 јуни 2024

Силно невреме ја зафати Словачка, поплавени улици и подруми, предизвикана голема штети

Силно невреме ја зафати Словачка, поплавени улици и подруми, предизвикана голема штети

Братислава, 27 јуни 2024 (МИА) - Невремето и обилните врнежи денеска предизвикаа хаос и голема штета на имотите во Словачка, објавија денеска словачките власти.

Окружната болница мораше да биде затворена поради поплавата, многу патишта беа поплавени, а железничкиот сообраќај беше во прекин.

Дрва паднаа врз куќи и игралишта, јави ТВ станицата ТА3. На некои места за само неколку часа наврна дожд колку што врне еден месец.

Метеоролошката служба СХМУ предупреди дека денеска ќе има ново невреме со обилни врнежи.

По првото силно невреме, градоначалникот на Нитра на југозападот на земјата синоќа прогласи „вонредна состојба“, пониско ниво од вонредната состојба.

„Штетите на јавниот и приватниот имот се многу големи. Но, барем можам да кажам дека досега нема жртви и цврсто верувам дека така ќе остане, изјави тој за агенцијата ТАСР.

Пожарникарите објавија дека канализацијата во Нитра не можела да поднесе големото количество дожд. Поради ова поплавени се улици, подруми и пониски делови од згради во градот и околните населени места. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан