• сабота, 13 декември 2025

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Јапонија, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Јапонија, издадено предупредување за цунами

Токио, 12 декември 2025 (МИА) - Земјотрес со прелиминарна јачина од 6,7 степени го погоди североисточниот дел на Јапонија денеска, што предизвика предупредување за цунами од Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри.

Земјотресот е регистриран во 11:44 часот по локално време, неколку дена откако посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди истиот регион.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами со висина до еден метар. мс/ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан