• сабота, 13 декември 2025

Тајани: Италија go поддржува замрзнувањето на руските средства без временско ограничување

Тајани: Италија go поддржува замрзнувањето на руските средства без временско ограничување

Рим, 12 декември 2025 (МИА) – Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Италија го поддржува замрзнувањето на руските средства на неопределено време.

- Италија е за стабилизирање на ситуацијата, па затоа ќе гласаме за замрзнување на руските средства. Подоцна, во Европскиот совет ќе се отвори политичка дебата за тоа како ќе се користат тие средства, рече тој, коментирајќи ја одлуката на Европската унија за замрзнување на руските средства.

Тајани прецизираше дека Италија има одредени резерви, не толку во врска со политичката одлука, колку во врска со правната рамка за користење на замрзнатите руски средства.

Земјите од Европската Унија со големо мнозинство се согласија да ги замрзнат руските државни средства на неодредено време во ЕУ, соопшти претходно данското претседателство на ЕУ, со што е надмината првата пречка за ставање на располагање на Украина на парите како заем за репарација.

До денес, сите 27 земји-членки мораа едногласно да се согласат на секои шест месеци да ги држат средствата замрзнати според санкциите на ЕУ како одговор на инвазијата на Русија врз Украина во 2022 година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан