• сабота, 13 декември 2025

Трамп: Камбоџа и Тајланд се подготвени да го обноват примирјето

Трамп: Камбоџа и Тајланд се подготвени да го обноват примирјето

Вашингтон, 12 декември 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека премиерите на Камбоџа Хун Манет и Тајланд Анутин Чарнвиракул се согласиле да го обноват прекинот на огнот по граничните конфликти.

Трамп го објави тоа на својата социјална мрежа Truth Social по разговор со двајцата премиери.

- Тие вечерва се согласија да престанат со секаков оган и да се вратат на оригиналниот мировен договор што беше постигнат со мене и нив, со помош на големиот премиер на Малезија, Анвар Ибрахим, рече Трамп во објавата.

Првичното примирје меѓу Тајланд и Камбоџа беше договорено во јули оваа година со посредство на Малезија, а беше спроведено под притисок од Трамп, кој се закани дека ќе ги укине трговските привилегии доколку двете земји не се помират.

Граничните судири продолжија дури и по договорот за прекин на огнот. јт/

Остани поврзан