Се гради нова спортска сала во училиштето во Горно Јаболчиште
Велес,19 април 2023 (МИА) - Од наредната учебна година, над 600 ученици од ОУ „Лирија" во Горно Јаболчиште ќе следат физичко образование во модерна спортска сала. Спортската сала е во вредност од 317 илјади евра средства од ТАВ програмата, информира градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.
Тој заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и пратеникот од Општина Чашка, Мухамед Кадриов, вчера го посетиле селото Горно Јаболчиште, каде во тек е изградбата на нова спортска сала
-Со овој проект го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните од ова населено место. Со ова му ставаме крај на проблемот со недостаток на спортска сала во Основното училиште „Лирија" која истовремено е долгогодишна желба и на младите во Горно Јаболчиште кои исто така ќе можат да ја користат за спортски активности, потенцира градоначалникот Стојановски. ад/дма/
Фото: МИА