• среда, 03 јули 2024

Се гради затворениот базен во Кавадарци 

Се гради затворениот базен во Кавадарци 

Кавадарци, 28 мај 2024 (МИА) - Се гради затворениот базен во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.  

- Продолжува изградбата на затворениот базен кој е на локација на поранешна ЛаЛуна. Базенот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат сите останати жители на кавадаречката општина, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Станува збор за капитален проект, инвестиција во висина од педесетина милиони денари. 

- Проектот е  финансиран од Агенцијата за млади и спорт, откако претходно Општината донесе детален урбанистички план за предметната локација и ги обезбеди сите услови за непречена изведба на лице место, појаснија од кабинетот на градоначалникот. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан