• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Делегација на МАЕИ во посета на Муфтиството во Корча

Делегација на МАЕИ во посета на Муфтиството во Корча

Дебар, 30 март 2025 (МИА) - По повод големиот празник Рамазан (Фитр) Бајрам делегација на Македонска алијанса за европска интеграција(МИА), предводена од претседателот Васил Стерјовски, денеска беше во посета на муфтиството во Корча.

Според Стерјовски на срдечната, пријателска средба, во празнична атмосфера,  од свое име, од име на партијата и Македонците во Албанија, на  Муфтијата Ледиан Цикалеши а преку него и на сите муслимански верници им го честитале овој голем празник.

-Му посакавме на муфтијата овој свет ден да донесе здравје, радост, среќа,  благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, информираше за МИА,  Стерјовски.

Исто така посочиме, рече тој, дека  толеранцијата и меѓурелигискиот соживот се вредности што нè обединуваат и нè збогатуваат како општество. вт/мч/


Фото: МАЕИ

Остани поврзан