• вторник, 02 јули 2024

Се адаптираме со нови мерки, политики и алатки за заштита на земјоделското производство од неповолни климатски настани, рече Николовски

Се адаптираме со нови мерки, политики и алатки за заштита на земјоделското производство од неповолни климатски настани, рече Николовски

Скопје, 15 март 2023 (МИА) - Земјоделството е сектор кој што е на отворено. Земјоделското производство зависи од многу фактори и потребен е цел сплет и комплекс на мерки за да се заштитиме од кој било неповолен климатски настан, дали е тоа суша, град или некој друг таков настан, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу тоа кои мерки МЗШВ ќе ги преземе во случај на суша, Николовски рече дека како Министерство секоја година се адаптираат со нови мерки, политики, алатки и начини преку кои што го штитат земјоделското производство.

-Ние ги следиме сите состојби и преку Програмата за рурален развој реагираме, односно кога има одредени неповолни климатски настани, кога имаме оштетување на земјоделското производство, трета година по ред успешно се спроведува авионското засејување кое ги дава соодветните резултати и во случај на каква било климатска непогода и новиот модел на субвенционирање предвидува можности за формирање на комисии од страна на општините, проценки на загубите на потенцијалното производство од кои било климатски неповолни настани. Сите мерки кои што ни се на располагање ќе ги применуваме, а тоа е повод и причина повеќе да зборуваме и да се насочиме кон агро-еколошките мерки, мерките за адаптација на нови климатски промени заедно и сето она како можност заедно со другите земји го имаме да го преземеме, рече Николовски на презентацијата на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци. фф/ац/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан