• среда, 03 јули 2024

Средните стручни училишта во Штип поатрактивни за идните средношколци

Средните стручни училишта во Штип поатрактивни за идните средношколци

Штип, 2 јули 2024 (МИА) - Средните стручни училишта во Штип и годинава поатрактивни за идните средношколци покажаа бројките од уписите од првиот уписен, а веќе денеска и утре е вториот електронски упис во четирите Средни општински училишта(СОУ) во Штип. Раководителката на Секторот за образование, Снежана Санева денеска изјави дека неколку години наназад за идните средношколци атрактивни се регионалниот електро-машински училишен центар „Коле Нехтенин“ и средното медицинско училиште „Јане Сандански“, во кои за вториот уписен рок останати се помал број на слободни места.

-Ова е втор уписен рок во средните училишта и можеме да кажеме дека бројката на пријавени и запишани ученици е задоволителна. Во сите средни училишта во Штип има слобидни места, но не во сите профили. Во СОУ „Коле Нехтенин“ Штип има слободни околу 20 места и тоа  во машинската струка, додека во средното медицинско училиште околу 35 слободни места, дел во насоката за физиотерапевт, во насоката акушерки и медицински сестри, вели Санева.

Во гимназијата „Славчо Стојменски“ во првиот уписен се запишале 80 ученици, а  во средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ нивниот број како и низ годините е минимален. Санева додава дека во Штип речиси секоја година во средните училишта  се запишуваат околу 500 ученици, иако според конкурсот на Министерството за образование и науки за уписи на ученици во прва година  има слободни места  за околу 700 ученици. Во Штип деветто одделение завршиле нешто повеќе од 400 ученика,а интерес за упис во штипските средни училишта има и од идните  средношколци  од останатите општини од Брегалничкиот регион. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан