• понеделник, 23 декември 2024

Општина Аеродром: Доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, да пријават во полиција

Општина Аеродром: Доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, да пријават во полиција

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Општина Аеродром соопшти дека мобилни екипи се излезени на терен и вршат расчистување на јавните површини откако попладнево почна големо невреме.

Од Општина Аеродром информираат дека доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, потребно е да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе го расчистат теренот. Посочуваат дека штети и паднати дрвја може да се пријавуваат и на телефонскиот број 072/270-886.

Потенцираат дека Кризниот штаб на Општина Аеродром на чело со заменик-градоначалникот Дејан Митески е мобилизиран и подготвен да реагира на предизвиците што може да се појават по невремето. 

Општина Аеродром апелира до граѓаните и до возачите без поголема потреба да не излегуваат додека трае невремето.

-Наша најважна обврска е да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти и да го минимизираме ризикот од поплави и од други штети, посочуваат од општината.фф/дма/

Фото: Општина Аеродром

Остани поврзан