• понеделник, 23 декември 2024

Серија земјотреси денеска меѓу Лерин и Битола, најсилниот 3 степени по Рихтер

Серија земјотреси денеска меѓу Лерин и Битола, најсилниот 3 степени по Рихтер
Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) - Серија земјотреси во Грција, во пограничното подрачје помеѓу Битола и  Лерин, со  епицентри 120 километри јужно од Скопје, регистрираше денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. - Според досегашните податоци, од населението во градот Битола и околината најсилно беше почувствуван земјотресот во 10.46 часот, со локална Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата. хс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан