• четврток, 09 април 2026

АХВ: Спречен влез на пратка од над 10 тони јагнешка кожа од Албанија поради ризик од внесување заразни болести во земјата

АХВ: Спречен влез на пратка од над 10 тони јагнешка кожа од Албанија поради ризик од внесување заразни болести во земјата

Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречиле влез на пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која, како што информираат од Агенцијата, требало да транзитира низ нашата држава.

Пратката, како што информираат од АХВ, е вратена во согласност со донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари, која е присутна во соседна Албанија.

- Со оваа одлука АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици - се вели во соопштението од АХВ.

Од АХВ нагласуваат дека пратката е откриена во рамките на засилените контроли на граничните премини, како и дека АХВ уште еднаш ја потврди својата клучна улога како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство. аа/паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан