• сабота, 29 јуни 2024

Село во Велс се продава за милион фунти

Село во Велс се продава за милион фунти
Макинлет, 5 јануари 2021 (МИА) - Селото Аберлефени во близина на Макинелет, Велс, со вкупно 16 куќи во него, се продава за еден милион фунти. Населбата е првично направена за работници во рудник, уште во 16 век, но сега тој не работи. На пазарот селото се појави 2016 година, по цена од 1,5 милиони фунти. Потоа таа се намали на 1,25 милиони фунти, а сега има нова цена - од еден милион фунти. За оваа сума е можно да се купи и стан во Лондон од 48,5 квадратни метри. Но, кој и да го купи селото, ќе добие 16 старински куќи и колиби и многу простор за прошетка и уживање во природата.  си/

Тагови

Остани поврзан