• петок, 28 јуни 2024

Огнен Здравковски отсега на сцена со „ОЗ бенд“

Огнен Здравковски отсега на сцена со „ОЗ бенд“

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - На Огнен Здравковски од неодамна друштво му прават момчињата кои на јавноста ѝ се претставуваат како „ОЗ бенд“. Во составот што ќе го придружува Оги на сцената се Антонио Тимчевски, клавијатури, Дејвид Дејв Демир, гитара, Бојан Дичовски, бас гитара и Гоги Мицевски, тапани, соопштија денеска од неговиот тим.

За јавноста да ги запознае подобро, тие снимиле и видео со омилени песни на Здравковски.

Во писмената изјава на Здравковски, тој најавува дека следува претставување на неговата авторска музика пред публиката.

- Дел од проектите се веќе завршени, дел се во изработка и веќе нема назад - дојде време за убава македонска забавна музика, наведува тој во писмената изјава.

За видео реализацијата на проектот се погрижила „Скендеровски продукција“. бд/дма/

Фото и видео: Тим на Огнен Здравковски

Остани поврзан