• вторник, 05 ноември 2024

СВР Велес со апел до граѓаните за заштита од пожари и нивно навремено пријавување

СВР Велес со апел до граѓаните за заштита од пожари и нивно навремено пријавување

Велес, 25 јули 2024 (МИА) - СВР Велес апелира до граѓаните за посебно внимание при престој на отворено за да се избегне опасноста од предизвикување на пожари од невнимание, потоа за нивно внимателно и совесно однесување во близина на шумски предели при палење скара, фрлање на отпушоци или фрлање на лесно запаливи отпадоци

Од Општината апелираат и за доследно почитување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште, и тоа секој ден во периодот од 00.00-24.00 часот, која започна да важи од 11 јули годинава.

Воедно МВР - СВР Велес упатува апел до граѓаните за навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со што би се  загрозила безбедноста на подрачјето или на било каков начин би предизвикале или придонеле кон предизвикување на пожар, а брзата и ефикасна реакција од страна на граѓаните би овозможила и навремена и брза реакција на надлежните институции

Како што потенцира Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, овие превентивни активности на СВР Велес и апели до граѓаните  ги даваат  поради актуелната состојба со пожарите на отворено и шумските пожари во земјава. Воедно и поради подолгорочната временска прогноза според која тропски температури ќе го одбележат ова лето, поради што постои сериозна закана од настанување и ширење на пожарите кои можат да предизвикаат големи материјални штети па дури и човечки загуби. ад/сст/

Остани поврзан