• сабота, 15 јуни 2024

Саутгејт: Ќе се обидеме да направиме нешто што на ниту еден англиски тим му нема успеано досега

Саутгејт: Ќе се обидеме да направиме нешто што на ниту еден англиски тим му нема успеано досега

Берлин, 14 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги сподели своите очекувања за почетокот на Европското првенство во 2024 година.

„Трите лава“ ја отвораат својата кампања на ЕП 2024 во недела против Србија.

-Возбуден сум што ќе се обидеме да направиме нешто што на ниту еден англиски тим му нема успеано досега. Никогаш не сме освоиле Европско првенство. Никогаш не сме освоиле турнир на гости. Се чини дека многу луѓе мислат дека може да ни биде лесно, но фактот дека никогаш порано не сме победиле значи дека ќе биде исклучително тешко, рече Саутгејт, цитиран од официјалната веб-страница на УЕФА.

Селекцијата на Англија ќе игра на Евро 2024 во групата Ц. Противници на тимот на Саутгејт ќе бидат Србија (16 јуни), Данска (20 јуни) и Словенија (25 јуни). дс

Фото: Архива

Остани поврзан