• петок, 12 јули 2024

Санчез: И за Појасот Газа треба да бидеме единствени и доследни како за Украина

Санчез: И за Појасот Газа треба да бидеме единствени и доследни како за Украина

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) – Премиерот на Шпанија, Педро Санчез на Самитот на НАТО во Вашингтон ги повика партнерите од Алијансата да покажат исто „единство и доследност“ за Појасот Газа какво што демонстрираа за Украина.

- Не може да бидеме обвинети дека применуваме двојни стандарди, што би ја ослабела нашата поддршка за Украина. Напротив, бараме исто единство и доследност за Газа, како што бараме како одговор на руската инвазија врз Украина, истакна Санчез на седницата на Атлантскиот совет во Вашингтон.

Тој додаде дека „важно граѓаните да разберат дека нема двојни стандарди“.

Ако му кажеме на нашиот народ дека ја поддржуваме Украина, бидејќи го браниме меѓународното право, мора да го сториме истото и за Газа. Ако бараме почитување на меѓународното право во Украина, мора да го бараме тоа и во Газа, посочи Санчез. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан