Израелскиот безбедносен кабинет одобри продолжување на воениот рок на три години
- Израелскиот безбедносен кабинет одобри продолжување на задолжителната воена служба на три години, од претходните 32 месеци, пренесоа денеска израелските медиуми.
Тел Авив, 12 јули 2024 (МИА) - Израелскиот безбедносен кабинет одобри продолжување на задолжителната воена служба на три години, од претходните 32 месеци, пренесоа денеска израелските медиуми.
Израелската Влада на 14 јули ќе гласа за продолжување на задолжителниот воен рок, а таа одлука ќе важи осум години по гласањето, пренесува Канал 12.
Овој потег доаѓа неколку дена откако министерот за одбрана Јоав Галант ја повика Владата да ја усвои мерката. рп/
Фото: ЕПА