• сабота, 13 јули 2024

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтер го погоди Перу

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтер го погоди Перу

Лима, 12 јули 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.

Земјотресот се случил на длабочина од 68 километри и на околу 200 километри југоисточно од градот Ица.

Засега нема информации за повредени или евентуална материјална штета. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан