• петок, 22 ноември 2024

Најмалку шеснаесет лица загинаа при уривање на училиште во Нигерија

Најмалку шеснаесет лица загинаа при уривање на училиште во Нигерија

Абуџа, 12 јули 2024 (МИА) - Најмалку шеснаесет лица загинаа денеска кога се урна училиште во државата Плато, која се наоѓа во централна Нигерија, објавија странските агенции.

Агенциите јавуваат дека под урнатините на училиштето има затрупани луѓе.

Носечката конструкција на двокатницата попуштила утрово, околу 07:30 часот по локално време, кога училиштето почнало со работа.

Досега пет ученици се извлечени живи од урнатините. Спасувачките операции продолжуваат, а помош пружаат војската и полицијата.

Уривањето на згради е честа појава во Нигерија, што се должи на недоволната контрола на градежните материјали кои не ги исполнуваат условите. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан