• сабота, 18 мај 2024

Санкционирани 47 возачи кои не давале првенство на минување на крстосница

Санкционирани 47 возачи кои не давале првенство на минување на крстосница

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден, од 07.00 до 12.00 часот, при сообраќајна контрола на територијата на државата биле санкционирани 47 возачи кои не давале првенство на минување на крстосница.

Од нив, 14 биле на територијата на СВР Тетово, а по седум биле на територијата на СВР Битола и СВР Велес.

Според МВР, при контролата се санкционирани и 126 други видови сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР. мч/нд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан