• петок, 22 ноември 2024

Изречени 139 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје

Изречени 139 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

- Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло..., појаснуваат од МВР, додавајќи дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта. бд/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан