• понеделник, 23 декември 2024

Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

Сиљановска Давкова  лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно ја прими Радмила Шекеринска за лично да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, за обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.

-Претседателката изрази уверување дека г-ѓа Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани. Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него, стои во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Претседателката на државата Сиљановска-Давкова претходно во средата во телефонски разговор и го честиташе изборот Шекеринска на новата функција и и упати покани за денешната средба.

Премиерот Христијан Мицкоски исто така ја поддржа кандидатурата на Шеќеринска за заменик генерална секретарка на НАТО, и телефонски и честиташе на изборот, посочувајќи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во вторникот, неделава, објави дека одлучил да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка. вг/лв/

Фото: Кабинет на претседателката Сиљановска Давкова

 

 

 



 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан