• сабота, 29 јуни 2024

САД, Велика Британија и Канада ја обвинија Русија дека се обидува да влијае на изборите во Молдавија

САД, Велика Британија и Канада ја обвинија Русија дека се обидува да влијае на изборите во Молдавија

Кишинај, 13 јуни 2024 (МИА) - Владите на САД, Велика Британија и Канада денеска ја обвинија Русија дека се обидува да влијае на претседателските избори во Молдавија, кои ќе се одржат во октомври.

Во заедничката изјава објавена од Стејт департментот, се наведува дека Русија со ширење дезинформации и интернет пропаганда се обидува да ги интензивира социјалните тензии и да поттикне негативен поглед кон Западот и прозападната претседателка на Молдавија, Маја Санду, пренесуваат британските медиуми.

-Го преземаме овој чекор за да ги предупредиме нашите демократски партнери и сојузници дека руските актери спроведуваат заговор за да влијаат на исходот на есенските претседателски избори во Молдавија во 2024 година, се вели во соопштението.

Се додава дека Русија поддржува одредени кандидати на изборите и дека проруските актери им помагаат на руските цели со ширење дезинформации и пропаганда.

-Овие актери подгреваат критики на Санда и нејзината партија „Акција и солидарност“ со цел да поттикнат протести и да планираат да шират лаги за нејзиниот лик и наводни изборни нерегуларности, се вели во соопштението.

Соопштението дојде еден ден откако САД вчера воведоа санкции против Евгенија Гутул, проруската гувернерка на молдавскиот регион Гагаузија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан