Савона: Во светот циркулираат од 4.000 до 5.000 крипто валути
- Ширењето на криптовалутите без јасни регулативи е причина за загриженост бидејќи тоа може да го наруши начинот на функционирање на финансискиот пазар, изјави денеска диркторот на Комисија за
Рим, 14 јуни 2021 (МИА) - Ширењето на криптовалутите без јасни регулативи е причина за загриженост бидејќи тоа може да го наруши начинот на функционирање на финансискиот пазар, изјави денеска диркторот на Комисија за пазар на капитал (Цнособ), Паоло Савона.
Тој предурпеди дека во светот циркулираат помеѓу 4.000 и 5.000 дигитални валути, за кои не постои форма на регулација.
Савона нагласи дека крипто валутите можат да олеснат нелегални активности како што се перење пари, па дури и да ја нарушат способноста на централните банки да водат монетарна политика.
Без соодветен надзор, транспарентноста на пазарот може да се влоши, што е основа на легитимитет и рационален избор за операторите (на пазарот), истакна Савона претставувајќи го годишниот извештај на надзорното тело на италијанската берза.
Европа и САД работат на прописи за регулирање на дигиталните средства и нивните добавувачи, бидејќи инвеститорите бараат нови основни правила.
Покрај развојот на регулаторната рамка, некои земји, вклучувајќи ги Кина, Велика Британија и Русија, размислуваат и за лансирање на сопствени централни валути.
- Ако на тоа го додадеме и неодамнешното искуство на Цонсоб со затворањето на стотици интернет-страници во Италија, кои нелегално собираат заштеди, сликата станува загрижувачка, посочи Савона.
Тој предупреди дека криптовалутите може да послужат како покритие за криминални активности како што се затајување данок, перење пари, финансирање тероризам и киднапирање.
- Ако потрагата по решение на европско ниво трае премногу долго, ние (Италија) ќе мора да преземеме свои мерки, наведе Савона. ми/