• среда, 15 мај 2024

Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен

Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен

Мелбурн, 27 јануари 2024 (МИА) – Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Чинвен Женг од Кина во финалето на Австралија Опен 2024.

Мечот што траеше 1 час и 15 минути заврши со 2:0, по сетови 6:3 и 6:2.

Вториот светски рекет Сабаленка сервираше три аса, не направи ниту една двојна грешка и реализираше три брејк топки од шест можности. Кинеската имаше по шест аса и двојни грешки и ниту една конвертирана брејк-топка од три шанси.

Сабаленка ја одбрани минатогодишната титула на Австралија опен. Дваесет и петгодишната Белорусинка стана двократен победник на Грен слем турнирите.

Вкупниот награден фонд годинава на Австралија опен изнесува 58,9 милиони долари.

Во машкото финале утре ќе играат Јаник Синер од Италија и Данил Медведев од Русија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан