• вторник, 17 декември 2024

Алкалоид продолжува со максимален ефект во Суперлигата

Алкалоид продолжува со максимален ефект во Суперлигата

Охрид, 16 ноември 2024 (МИА) – Ракометарите на Алкалоид успешно поминаа уште една пречка во Суперлигата, откако вечерва на гостувањето во ГРК Охрид забележаа убедлива победа со 29:22.

За тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров ова беше 11 победа на исто толку средби во домашното првенство. 

Со вечерашниот натпревар во Охрид се комплетира првиот дел од првата фаза во македонскиот шампионат.

Резултати на другите средби од 11. коло:
Еурофарм Пелистер – Прилеп 46:24
Струга – Вардар 25:34
Куманово – Радовиш 30:26
Бисинов – Тиквеш 22:33
Тинекс Пролет – Бутел 24:19

Табела: Алкалоид 22 бода, Вардар 20, Еурофарм Пелистер 18, Охрид 16, Бутел 12, Тиквеш 11, Тинекс Пролет 10, Прилеп 9, Куманово, 6, Струга 4, Бисинов 3 и Радовиш 1.

Следуваат 11 рунди од вториот дел по кои најдобрите шест екипи ќе продолжат во втората фаза. зс/

Фото: РК Алкалоид

 

Остани поврзан