• вторник, 02 јули 2024

Руско Министерство за одбрана: Русија уништи 16 украински дронови на југот на земјата и над Крим

Руско Министерство за одбрана: Русија уништи 16 украински дронови на југот на земјата и над Крим

Москва, 24 ноември 2023 (МИА) - Руските власти денеска соопштија дека уништиле 16 украински беспилотни летала на југот на земјата и над анектираниот полуостров Крим.

„Ноќта меѓу четвртокот и петокот беше спречен обид на украинскиот режим да изврши терористички напад со помош на дронови врз објекти на територијата на Русија“, соопшти Министерството за одбрана

„Противвоздушните одбранбени системи уништија 16 беспилотни летала, од кои 13 над полуостровот Крим и три над територијата на регионот Волгоград на југ“, се вели во соопштението.

Украинските напади на руска територија се интензивираа во последните месеци по контраофанзивата што Киев ја започна на почетокот на јуни.

Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, е редовна цел на напади бидејќи на полуостровот на Црното Море се наоѓа база на руската Црноморска флота и е клучна рута за снабдување на руските сили во јужна и источна Украина. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан