• вторник, 05 ноември 2024

Лајчак за денеска во Брисел свика ново продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Лајчак за денеска во Брисел свика ново продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Белград, 2 јули 2024 (МИА) – Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина на ниво на главни преговарачи.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека ќе свика средба на главните преговарачи на двете страни со цел да се разработат конкретни чекори за деблокирање на имплементацијата на Договорот за патот кон нормализирање на односите.

Лајчак на Фејсбук потсети дека тој и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, минатата недела беа домаќини на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, на средба во рамките на дијалогот Белград-Приштина.

„За жал, не видовме никаков напредок во спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација. Дискусиите беа предизвикувачки како и секогаш. Сепак, нашата работа продолжува утре кога ќе ги повикам главните преговарачи да разработат конкретни чекори за деблокирање на имплементацијата од Договорот“, навде синоќа Лајчак на Фејсбук.сд/

фопто:МИА архива

Остани поврзан