• недела, 22 декември 2024

Руски бомби го погодија украинскиот град Запорожје

Руски бомби го погодија украинскиот град Запорожје

Киев, 24 септември 2024 (МИА) – Шеснаесет лица се повредени во руски воздушен напад врз јужниот украински град Запорожје, соопштија денеска локалните власти.

Според информациите на украинските медиуми, тоа, наводно, било првпат градот да биде цел на таканаречените глајд-бомби.

Во нападот во текот на ноќта биле оштетени 13 станбени згради, две градинки и неколку автомобили, потврди украинската полиција.

Градот се наоѓа на околу 60 километри од нуклеарната централа Запорожжја, која е окупирана од руската војска.

Руски борбени авиони фрлаат глајд-бомби во близина на линиите на фронтот. Муницијата потоа се наведува до нивните цели на растојание од десетици километри.

Овие бомби, со неколку стотици килограми експлозив, предизвикаа значителна штета во источниот украински град Харков и други локации. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан