• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нетанјаху вети дека ќе го зголеми воениот притисок врз Хамас

Нетанјаху вети дека ќе го зголеми воениот притисок врз Хамас

Тел Авив, 30 март 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети денеска дека ќе го зголеми воениот притисок врз Хамас и дека лидерите на палестинската група ќе го положат оружјето, а Израел ќе ја осигури севкупната безбедност во Појасот Газа и ќе овозможи спроведување на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за тоа подрачје, пренесоа израелските медиуми.

Тој на владина седница рече дека воениот притисок врз Хамас функционира затоа што, од една страна, ги уништува неговите воени и управувачки капацитети, а од друга страна, создава услови за ослободување на израелските заложници, пишува „Тајмс оф Израел“.

Според него, израелската Влада гласала за одлуката за зголемување на воениот притисок врз Хамас. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан