Руски проектил оштети клучна инфраструктура, повредени шест лица во украинската област Черкаси
- Руски проектил оштети клучна инфраструктура при што се повредени шест лица во украинскиот регион Черкаси, соопшти денеска началникот на локалната регионална воена администрација Игор Табурец.
Киев, 25 април 2024 (МИА) - Руски проектил оштети клучна инфраструктура при што се повредени шест лица во украинскиот регион Черкаси, соопшти денеска началникот на локалната регионална воена администрација Игор Табурец.
Цел на нападот биле цивилната и железничката инфраструктура во градот Смела, објави на телевизија портпаролот на украинските воздухопловни сили Илја Јевлаш. Тој прецизираше дека според првичните информации нападот бил извршен со проектил „Искандер-К“.
Во нападот се оштетени и 47 станови и биле скршени стакла на висококатница, напиша Табурец на својот канал на Телеграм.
Тој додаде дека украинската противвоздушна одбрана го соборила проектилот, а тимовите за итни случаи работат во погодените области. рп/
Фото: МИА архива