• вторник, 30 април 2024

Романо: Милан ќе го отпушти Пиоли на крајот од сезоната

Романо: Милан ќе го отпушти Пиоли на крајот од сезоната

Милано, 20 април 2024 (МИА) - Милан по крајот на сезоната ќе го отпушти тренерот Стефано Пиоли. Росонерите ќе почнат да се занимаваат со ова прашање во наредните недели, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Се пишуваше дека Пиоли би можел да го напушти Милан доколку биде елиминиран од Лигата на Европа. Росонерите во четвртокот загубија од Рома (1:2) во реваншот од 1/4 финалето (првиот натпревар беше 0:1).

По 32 кола, Милан се наоѓа на второто место во Серија А, со 14 бода помалку од Интер.

Пиоли пред две сезони му ја донесе шампионската титула на Милан.

Главни претенденти за наследник на Пиоли на тренераската позиција во Милан се Роберто де Зерби тренерот на Брајтон и Антонио Конте. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан