• петок, 22 ноември 2024

Родри: Блиску сме до штрајк поради зголемениот број натпревари

Родри: Блиску сме до штрајк поради зголемениот број натпревари


Манчестер, 17 септември 2024 (МИА) – Играчот од средниот ред на англискиот фудбалски првак Манчестер Сити, Шпанецот Родри, денеска оцени дека играчите се блиску до одлука за штрајк поради зголемениот број натпревари, особено со новиот формат на Лигата на шампиони.
Дефанзивниот играч за врска зборуваше на прес – конференција во пресрет на утрешниот прв натпревар во Лигата на шампиони, во која новите правила предвидуваат осум натпревари место шест како досега.
„Ако прашате кој било играч, ќе ви го каже истото. Тоа е општо мислење меѓу играчите, тоа не е само мое мислење. Ако продолжи вака, нема да имаме друг избор“, изјави Родри околу можноста за евентуален штрајк.
Синдикатот на фудбалери (ФИФПро) неодамна повика на заштитни мерки за играчите, кои се под голем притисок со зголемувањето на бројот на натпревари.
„Мораме да се грижиме за себе … Ако луѓето сакаат да гледаат подобар фудбал, мораме да се одмориме. Со други зборови, ако се зголеми бројот на натпревари, нивото и квалитетот се намалуваат“, додаде Родри. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан