• петок, 10 мај 2024

Ристовски: Капиталните инвестиции од 700 милиони евра стануваат партнер со народот и бизнисите

Ристовски: Капиталните инвестиции од 700 милиони евра стануваат партнер со народот и бизнисите

Скопје, 2 мај 2024 

Почитувани,

Претседателот на ИНТЕГРА и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија ја претстави економската платформа за економски препород на Македонија. Тој повика да се гласа за бројот 3 и да се даде шанса од парламентот да се реализира во законско решение оваа економска пплатформа.

„Како ќе го ослободиме финансискиот сектор во Македонија? Ќе го отвориме пазарот за една слободна финансиска зона на потегот Скопје-Охрид-Струмица со буквално слободна финансиска инвестициска зона за приватни инвестициски фондови. Грото од капиталните инвестиции наместо да служат за корупцијата на властите, на премиерот, на вицепремиери и министри, ќе ги ставиме во служба на населението освен за оној егзистенцијален инфраструктурен минимум кој е потребен во секоја држава во мали рурални средини, патишта, водовод, канализација, да не газат луѓето кал.
Грото од тоа треба да оди партнерски со народот, со крупниот бизнис но и со микро малите и средни претпријатија. Станува збор за потенцијал од околу 700 милиони евра на годишно ниво, овие  700 милиони евра на годишно ниво мора да се стават во функција партнерски со народот, ние мора да го ослободиме секторот на акционерскиот капитал. Наместо да бидат депозити во банките, тие пари коишто граѓаните сакаат да ги штедат да им се дозволи да ги даваат во акции на меѓународна берза и меѓународен план за тоа што профитите и богатството од тој дел ќе доаѓа повторно во Македонија“, образложи Ристовски.

„Капиталните инвестиции во посебен македонски инвестициски фонд ќе бидат основа за докапитализација на фондот од овие приватни инвестициски фондови во оваа слободна финансиска зона од сите приватни инвестициски фондови коишто ќе дојдат во неа и ќе бидат оданочени со нулта стапка на оданочување. Ова е гаранција дека во Македонија ќе дојдат милијарди долари во слободната зона, долари коишто ќе бидат на располагање на крупниот капитал, на малиот и среден бизнис во Македонија, да црпат евтини финансиски средства, тоа е конкуренција на банкарскиот сектор, така ќе ја отвориме солвентноста на бизнисот во Македонија, и тоа е нашиот проект за 50.000 микро мали и средни прептријатија на кои државата ќе сподели дел од капитални инвестиции од својот буџет, дел за да можат тие да го експресираат својот моќен творечки потенција. Секое семејство ќе добие подадена рака од државата за да може да стане партнер на државата во овој инвестициски фонд, до пет години државата ќе мора да се ослободи од тие средства, а секоја година ќе правиме докапитализација со нови капитални инвестиции и секоја година ќе се прави докапитализација со нови вложувања во приватните инвестициски фондови во фондот, рече Ристовски.

Овој инвестициски фонд ќе прерасне во моќен фонд, кој не само што ќе учествува на јавни тендери  во Македонија за Чебрен, за Галишта, за Бошков мост, за Вардарска долина, за гасификација во Македонија, за коридорите 8 и 10, за новата рафинерија во Македонија према Беласица, за Македонија соларен парк со 280 сончеви денови, за Македонија буквално првата земја во Европа којашто ќе произведува зелен хидроген, проект којшто ние го зборувавме 2020 година, никој не веруваше во тој проект, но еве денеска владата донесе насоки и одлука во Неготино и Битола повеќе од 1,1 гигават енергија оди со хибридна или комбинарана гасна водородна електрана. Тоа значи дека третиот бран алтернативни извори на енергија е хидрогенот ќе стане основа на Македонија затоа што Солунска Глава како втор базен во Европа по издашност на вода и Галичица како третиот базен во Европа по издашност на вода после Виенскиот, е огромен ресурс. Македонија може да ги задоволи потребите на Европа за енергија и да го премостиме јазот што се случи со руско-украинскиот конфликт. Ова се нови иновативни решенија во енергетскиот сектор, така што овој инвестициски фонд може да стана моќен во еден буџетски циклус од 4 години, може да премаши 20 до 30 милијарди долари капитал кој ќе биде на располагање на сиот бизнис, рече Ристовски.

Коалиција „Храбро за Македонија“

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Фејсбук на Љупчо Ристовски 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан