• недела, 19 мај 2024

Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја честита победата за престседател на државава на Гордана Сиљановска Давкова.

-Честитки за Гордана Сиљановска Давкова за нејзината убедлива победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа, напиша Зеленски синоќа на мрежата Х.

Професорката Гордана Сиљановска Давкова се заблагодари на честитката на украински, македонски и на англиски јазик.

-Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ, наведе Сиљановска Давкова. нд/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан