Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
- Денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по што интервенирало нејзиното обезбедување.
Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по што интервенирало нејзиното обезбедување.
-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци.
Претходно, на 15-ти овој месец во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР. дма/сст/
Фото: МИА архива