• недела, 19 мај 2024

Регионални натпревари по прва помош утре во Радовиш задутре во Гази Баба

Регионални натпревари по прва помош утре во Радовиш задутре во Гази Баба

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - На плоштадот „Св. Спасо Радовишки“ во Радовиш утре со почеток во 10 часот ќе се одржи Регионалниот натпревар по прва помош за југоисточен регион со учество на 16 екипи од 16 ООЦК од југоисточниот  регион на државата. Како што најавија од Црвениот крст, поздравни обраќања ќе имаат генералниот секретар на ЦКРСМ Саит Саити и градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов.

На 12.05.2024 година во недела со почеток во 10:00 часот на платото на главниот влез на Ист Гејт Мол – Скопје,ќе се одржи Регионален натпревар по прва помош за северозападен  регион  со учество на 16 екипи од 16 ООЦК од северозападниот регион на државата

Од Црвен крст појаснуваат дека  во рамки на делокругот на своите активности Црвениот крст на Р.С.Македонија активно работи на подигање на свеста за значењето на првата помош, обезбедување на обуки и услуги за различни целни групи со цел да се подобри безбедноста и севкупното здравје на луѓето.

-Се залагаме за постојано подобрување на квалитетот на  програмите за прва помош, креирани согласно потребите на различни целни групи како деца на претшколска возраст, ученици од основните и средните училишта,  кандидати за возачи на моторни возила, лица одговорни за безбедноста и здравјето на работното место, лица со посебни потреби, итн. Црвениот крст на РСМ дава посебен придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште од најмлада возраст ги учиме и ги надградуваме компетенциите на младите како правилно да укажуваат прва помош, потенцираат од Црвениот крст.ад/са/

Фото: Црвен крст

 

Остани поврзан