• петок, 22 ноември 2024

Релативно мирна новогодишна ноќ на подрачјето на СВР Битола, едно лице лишено од слобода барано со потерница

Релативно мирна новогодишна ноќ на подрачјето на СВР Битола, едно лице лишено од слобода барано со потерница

Битола, 1 јануари 2024 (МИА) - СВР Битола регистрира релативно мирна новогодишна ноќ на подрачјето на СВР Битола, односно во Битола, Прилеп и Ресен.

Синоќа во 23 часот во СВР Битола В.Т. од Битола пријавил дека на улица „Свети Нектариј Битолски" бил физички нападнат од Т.С. и Н.В. двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од ОВР Ресен во селото Крушје, ресенско ја лишиле од слобода Х.Б.(46) од село Горна Бањица, гостиварско, која се барала по распишана централна потерница од Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор во траење од 6 месеци. Х.Б. е спроведена до Казнено поправна установа затвор „Идризово“.

Во Прилеп регистрирани се два настани, првиот во 20:40 часот кога во ОВР  Прилеп С.Р. од Прилеп пријавил дека на улица „11-ти Октомври“ бил физички нападнат лице, а вториот во 23:50 часот кога полициски службеници од ОВР Прилеп на улица „Кузман Јосифовски“ лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Прилеп. При  извршен преглед кај лицето е пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од СВР Битола. мт/свс/


Фото: МИА архива

 

Остани поврзан