• понеделник, 23 декември 2024

Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ подигнале и транспортирале околу 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.

Во општина Гази Баба биле отстранети 15 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложен на јавна површина на улицата „Никола Киров Мајски“ во населбата Хиподром.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје во општина Чаир подигнале приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата „Кемал Сејфула“ и пет кубни метри отпад одложен на сообраќајна површина во непосредна близина на Трговскиот центар „Мавровка“.

Подигнати се вкупно 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците „Лука Геров“ и „Христо Батанџиев“ во скопската општина Ѓорче Петров. мд/дма/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан