• понеделник, 25 ноември 2024

Се одбележува денот кога на 22 ноември 1908 година се одржа Битолскиот конгрес

Се одбележува денот кога на 22 ноември 1908 година се одржа Битолскиот конгрес

Битола, 22 ноември 2024 (МИА) - Националната установа Музеј на Албанската азбука денеска во Битола ги завршува програмските активности посветени на Битолскиот конгрес кој од 14 до 22 ноември 1908 година се одржа во овој град.

Во рамки на денови на азбуката „Недела на буквите“ одржавме меѓународна конференција, отворена е изложба на фотографии и документи од деновите кога се одржувал Битолскиот конгрес, а вратите на Музејот беа отворени и за многу ученици и студенти кои ја посетија нашата установа, изјави за МИА, Нуер Арслани, директор на НУ Музеј на Албанската азбука-Битола.

-Свеченостите претпладнево продолжуваат со посета на гости на Музејот од државата и странство, во битолскиот Офицерски дом ќе биде одржана модна ревија со модни креации и осмислени дизајни на студенти чии организатори се Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“-Скопје и граѓанската организација „22 Нентори“, а попладне планирана е посета на нашата национална установа од повеќе јавни личности претставници на локалната и националната заедница, истакна Арслани.
Како што е познато на денешен ден во 1908 година во Битола одржан е Конгрес на кој учествувале делегати албански интелектуалци кои донеле одлука со која е унифицирано писмото на Албанците и утврдена албанската азбука.мт/са/

Фото: МИА

Остани поврзан