• петок, 19 април 2024

Реизбран првиот човек на албанската муслиманска заедница, пред седиштето протест со обвинувања дека се „ѓуленисти“

Реизбран првиот човек на албанската муслиманска заедница, пред седиштето протест со обвинувања дека се „ѓуленисти“

Тирана, 2 март 2024 (МИА) – За поглавар на Албанската муслиманска заедница (МВЗ) на денешната седница на Претседателството на заедницата е реизбран Бујар Спахиу, кој на оваа функција беше во изминатите пет години.

За негов повторен избор гласале 82 од 92 членови на претседателството. Неговите противкандидати, Едуард Шефки и Емиријан Ветај, добиле по три гласа, додека четири ливчиња биле неважечки.

Во заедницата веќе подолг период присутна е поделбата, со обвинувања на дел од имамите но и верниците дека раководството е поврзано со организацијата на Фетула Ѓулен, која Турција ја смета за терористичка. Дел од нив незадоволството го изразија со протест пред Медресето додека се одржуваше изборниот процес за именување на нов поглавар.

-Опасноста од ѓуленистите за Албанија е преголема, бидејќи во некои земји во светот организацијата „Фето“ е прогласена за терористичка организација а кај нас нејзини приврзаници ја раководат заедницата, обвинија учесниците на протестот, држејќи транспаренти на кои меѓу другото пишуваше „Легитимитет на МВЗ“, „Ѓуленистите да си заминат од раководството на МВЗ“.

Претходно, барање за „исчистување на остатокот на ова организација во Албанија“ од премиерот Еди Рама побара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на посетата на Анкара, на 20 минатиот месец.

Истото барање го постави и шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, при неговата посета на Тирана на 29 јануари, кој според медиуми, уште му предочил на неговиот албански колега, Игли

Хасани, дека раководството на МВЗ е поврзано со т.н. организација „Фето“, поради што и не го посетил седиштето на заедницата.

Според експертите од областа на верските прашања во ова земја од „880 џамии дури 600 се раководени од „ѓуленисти“. вт/

Фото: МВЗ

Остани поврзан